Експлозија од четврти степен на Сонцето – издадено итно предупредување!

Точка

25/08/2025

20:25

3.723

Големина на фонт

а а а

На Сонцето вчера беше забележан најсилниот блесок од 20 јуни, соопшти Лабораторијата за соларна астрономија при Институтот за истражување на вселената (IKI) и Институтот за соларно-земјена физика (ISTP) при Руската академија на науки.

Моќен блесок од класата M4.6

Експлозијата од класата M4.6 достигна четврто ниво на скалата од пет степени, а максимумот на радијацијата беше регистриран во 8:24 часот по московско време, наведоа ИКИ и ИСТП, пренесува „Interfax“.


Потенцијални последици за Земјата

Научниците нагласуваат дека настанот на Сонцето не претставува директна закана за Земјата во моментов, но предупредуваат дека активните соларни центри во наредните денови би можеле да влезат во зона на влијание и да предизвикаат посилни ефекти.


Овие промени може да доведат до засилена геомагнетна активност, што често резултира со појава на северна светлина (аврори), но и со можни пречки во радиокомуникациите и работењето на сателитските системи.