„Instagram Map“ е пред сè информативна функција. Таа може да ви покаже каде се вашите пријатели или каде неодамна биле, како и да ви овозможи преглед на содржини врз основа на местото на кое се објавени.
Оваа нова алатка, која наликува на „Snap Map“ од „Snapchat“, овозможува полесно споделување на вашата локација со пријателите. Толку е едноставна за користење што можеби нема веднаш да сфатите со кого ја споделувате, доколку не обрнете внимание на поставките.
Како се користи „Instagram Map“?
1. Отворете го делот за директни пораки на „Instagram“ и допрете ја иконата со карта во горниот ред.
2. При првото отворање, „Instagram“ ќе ве извести како ја користи вашата локација и зошто е потребно да бидат вклучени услугите за локација („Location Services“) за да функционира оваа опција.
3. Ако веќе не ја споделувате вашата локација со „Instagram“, ќе се појави прозорец за потврда дали сакате тоа да го направите. Со потврда, ќе се отвори „Instagram Map“.
Поголемиот дел од просторот е заземен од картата која ја прикажува вашата моментална локација, а на дното има лента за пребарување, со која можете да пребарувате локации на вашите пријатели.
Со движење низ картата, можно е да се појават профилни фотографии што ја означуваат моменталната локација на пријател или минијатурни објави поврзани со одредено место.
Можете да направите неколку основни нешта:
• Да движите со прстот по екранот и да ги прегледувате објавите на пријателите, прикажани географски.
• Да ја користите лентата за пребарување за да ја најдете моменталната локација на пријател или неодамнешна објава со гео-ознака.
• Да допрете на пријател за да бидете пренасочени кон неговиот профил или конкретна објава.
Како да го исклучите споделувањето на локацијата?
За користење на „Instagram Map“ потребно е да се согласите да ја споделувате вашата локација.
Вашата моментална локација нема да се објавува на „Instagram“, освен ако вие активно не одлучите да ја споделите. Објавите со гео-ознака ќе продолжат да бидат опција секој пат кога додавате фотографии или видеа во Stories или на вашата мрежа.
„Instagram“ ви нуди четири различни опции за споделување на локацијата преку „Map“.
Пријатели: Следбеници кои и вие ги следите.
Блиски пријатели: Следбеници кои веќе се на вашата листа на блиски пријатели.
Само овие пријатели: Одредени лица кои ќе ги одберете.
Никој: Локацијата нема да биде споделена (освен објави со означени локации).
Како целосно да го оневозможите споделувањето на локацијата во „Instagram Map“ или да одредите кој може да ја гледа вашата локација:
1. Отворете ја апликацијата „Instagram“.
2. Кликнете на иконата за директни пораки во горниот десен агол.
3. Кликнете на иконата „Map“.
4. Кликнете на менито „Location Settings“ (во форма на запчаник) во горниот десен агол.
5. Потоа изберете „Никој“ за да го оневозможите споделувањето на локацијата.
На овој начин можете да ја одберете било која од наведените опции.
Како никогаш да не споделувате одредени локации во „Instagram Map“?
За уште попрецизна контрола на споделувањето на локацијата, можете да додадете одредени места на листата „Hidden Places“, кои никогаш нема да се појават во „Instagram Map“.
Ако сакате да ја измените оваа листа, отворете ја функцијата „Map“, а потоа:
1. Кликнете на „Location Settings“ (иконата запчаник) во горниот десен агол.
2. Кликнете на менито со три точки во аголот на поставките.
3. Изберете „Hide Places“.
4. Кликнете и повлечете ја ознаката на мапата за да означите скриено место, а потоа одредете радиус околу него.
5. Внесете име на местото и кликнете „Done“, пишува „Engadget“.