[ВИДЕО] Прво мисица, па бездомничка: Поради разгалениот, поранешен сопруг се обидела да се самоубие, а дете доби на 47 години

Точка

14/08/2025

13:48

1.891

Големина на фонт

а а а

Познатата „Catwoman“ со денови е главна тема на светските медиуми, откако јавно ја прозва нејзиниот поранешен сопруг Дејвид Џастис. Некогаш познатиот бејзбол играч ја обвини Хали Бери дека не била добра сопруга и дека не сакала да готви и чисти.

Тој исто така ги шокираше сите со признанието дека не ја гледал како „мајка на неговите деца“.

Секако, следуваа жестоки реакции на јавноста, а луѓето не го штедеа во коментарите. „Знаеше со кого се ожени“, „Засукај ги ракавите господине“, „Оженил добитничка на Оскар, а сака домаќинка“… беа само дел од коментарите. За жал, животот на актерката во неколку наврати наликувал на пекол, а она што сега се случува со нејзиниот поранешен сопруг е практично ништо.

Мисица, па бездомничка

Пред да стане позната актерка, уште во 1986 година, таа се обидела да се занимава со манекенство, па дури беше втора придружничка на изборот за Мис Америка, а на светското натпреварување го освоила шестото место. Во Њујорк пристигнала со големи соништа, но без пари, а еден период дури и живеела како бездомничка.


Првата голема можност ја добила во комедијата „Бумеранг“ со Еди Марфи, а потоа и во хитови како „Флинтстоунс“. За улогата на Дороти Дендриџ, таа освои Еми и Златен глобус, а круната на нејзината кариера дојде со Оскар за филмот „Monster’s Ball“ – награда што досега не ја освоила ниту една друга црнкиња во таа категорија.


Познато е дека заради улогите Хали ги преминала границите на можното, и со тоа „заработила“ импресивна „колекција“ повреди во текот кариерата.

За време на снимањето на акциони филмови, таа неколку пати ги скршила ребрата, прстите, раката, па дури и опашната коска – но сето тоа го прифатила со доза на хумор, а еднаш дури и со смеа го покажала скршениот прст пред камерите.

Хаос во приватниот живот

И додека на деловен план конечно почнале да ѝ цутат рози, актерката минувала низ тешки моменти во приватниот живот.


Се мажела три пати, а токму гореспоменатиот бејзбол играч Дејвид Џастис остави длабока лузна – тогаш поминувајќи низ тешка депресија, дури и размислувала за самоубиство, но помислата на нејзината мајка ја спречила да го стори тоа.


Обид за самоубиство

„Седев во автомобилот и веќе го почувствував мирисот на бензинот кога во главата ми се појави слика од мајка ми како ме пронаоѓа“, започна исповедта на Бери за обидот за самоубиство. „Таа жртвуваше толку многу за своите деца, а завршувањето на мојот живот би било неверојатно себично“, додаде актерката.

„Моето чувство за вредност беше толку ниско. Морав да се репрограмирам за да го видам доброто во себе. Само затоа што некој не ме сакаше, не значи дека сум несакана. Си ветив себеси дека никогаш повеќе нема да бидам кукавица“, своевремено изјави Бери за „Parade“.


За жал, дури и следните бракови не ѝ донеле мир – со пејачот Ерик Бенет се развела по три години, а со моделот Габриел Обри, водеше бурна судска битка за старателството над ќерката.

Инаку со францускиот актер Оливер Мартинез актерката доби син на 47-годишна возраст, но за жал и тој брак завршил со развод.


Сепак, среќата конечно ја пронајде со музичарот Ван Хант. Парот јавно ја објави својата врска во 2020 година, а оттогаш често можат да се видат заедно како на социјалните мрежи така и на црвениот килим.

Бери го опишува како „љубовта на нејзиниот живот“ и го смета за нејзин вистински партнер. Хант дури и ја запросил, но таа сè уште не рекла „да“, бидејќи верува дека бракот не е неопходен за нивната љубов да биде вистинска и силна.