[ВИДЕО] Тејлор Свифт вечера точно во 12.12. часот го најави својот 12 албум: Во поткастот на нејзиното момче Тревис Келси го откри и насловот

Точка

12/08/2025

13:45

711

Големина на фонт

а а а

Тејлор Свифт го најави својот 12-ти студиски албум „The Life of a Showgirl“, со што ушете еднаш предизвика еуфорија меѓу обожавателите, пишува „Варајети“.

Свифт не прави ништо случајно, а обожавателите веднаш почнаа да шпекулираат дека нешто ќе биде откриено на 12-тиот ден од месецот во 00:12 часот по источно време, кога ќе истече одбројувањето. Во класичната форма на Свифт, таа го направи токму тоа, откривајќи го насловот на албумот во подкастот на Тревис Келси „New Height Show“.


Шпекулациите за пристигнувањето на нов албум се ширеа со недели, а очекувањата беа дополнително поттикнати од најавата од официјалниот маркетинг тим на „Тејлор Нејшн“. Тие споделија слајдшоу од 12 фотографии на „ТикТок“ на пејачката облечена во портокалова боја, со пораката „Размислуваме за времето кога таа рече ‘Се гледаме во следната ера…’“. Исто така, беше најавено и специјално ограничено издание на винил во „портофино портокалов сјај“.

Дванаесет минути пред објавата на TикТок, Тревис Келси откри на Инстаграм дека Свифт ќе се појави како гостин во неговиот поткаст „New Heights“, кој го води заедно со неговиот брат Џејсон. Тој објави портокалова слика со заматена силуета на социјалните мрежи. Многумина претпоставија дека е Свифт. Пејачката наскоро потврди дека ќе се појави во шоуто, а кратко тизер видео ја покажа како вади албум од нејзината актовка, чија корица остана заматена.


„The Life of a Showgirl“ го следи минатогодишниот албум „The Tortured Poets Department“, објавен во средината на рекордната турнеја која заработи над 2,2 милијарди долари за две години низ пет континенти, станувајќи најпрофитабилната турнеја на сите времиња. Новиот албум е исто така првото издание на Свифт откако ја врати сопственоста врз целиот нејзин музички каталог. Во мај, таа го купи својот каталог со снимки од инвестициската фирма „Шамрок Капитал“, наводно за деветцифрена сума.