Алехандро Гарначо до крајот на преодниот рок ќе го напушти Манчестер јунајтед. Аргентинецот, по завршувањето на сезоната доби известување од менаџерот Рубен Аморим дека во клубот за него повеќе нема место.
Гарначо постигнал договор со Челзи, ги прифатил условите што му биле понудени од „Стенфорд Бриџ“ и сега чека да се договорат клубовите.
Според англиските медиуми, Челзи за Гарначо ќе треба да ја плати приближно истата сума која ја заработи од трансферт на Нони Мадуеке.
Мадуеке се пресели во Арсенал за 56 милиони евра.
Гарначо имаше и други понуди и опции, но од првиот момент сакаше да остане во Премиер лигата. Инаку, Челзи наскоро би можел да го комплетира и трансферот на Чави Симонс.