Објавена е листата на кандидати за Златната топка

Макфакс

07/08/2025

18:14

572

Големина на фонт

а а а

Магазинот „Франс фудбал“ денес ја објави листата од 30 фудбалери номинирани за Златната топка (Ballon d’Or), која се доделува на најдобриот играч во светот.

На листата, која беше објавена на социјалната мрежа „“, се наоѓаат девет фудбалери на Пари Сен Жермен: Усман Дембеле, Витиња, Џанлуиџи Донарума, Нуно Мендеш, Дезире Дуе, Хвича Кварацкелија, Ашраф Хакими, Жоао Невес и Фабијан Руиз.

Фудбалерите на ПСЖ ја освоија Лигата на шампионите минатата сезона, откако во финалето го победија Интер со 5:0.

Меѓу кандидатите за Златната топка се фудбалерите на: Ламин Џамал, Рафиња, Педри и Роберт Левандовски, како и играчите на Реал, Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор.

На листата на кандидати за Златната топка се наоѓаат и Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Флоријан Вирц (Леверкузен/Ливерпул), Кол Палмер (Челзи), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Алексис Мекалистер (Ливерпул), Мохамед Салах (Ливерпул), Дензел Дамфрис (Интер), Лаутаро Мартинез (Интер), Скот Мектомини (Наполи), Мајкл е (Баерн), Хари Кејн (Баерн), Серу Гираси (Борусија Дортмунд), Виктор Ѓекереш (Спортинг, Арсенал) и Деклан Рајс (Арсенал).