Сопругата на Шумахер го шокираше светот! Го фрлив мојот живот во ѓубре поради него, а тој е хомосексуалец! Ми заби нож во срцето

Точка

07/08/2025

17:16

6.739

Големина на фонт

а а а

Вистинска латино сапуница се одвива во семејството Шумахер, а веќе со години во фокусот се Ралф и Кора.

Сагата во семејството Шумахер доби нова епизода. Збор зеде Кора, поранешната сопруга на Ралф Шумахер. Имено, таа не планира да се откаже од познатото презиме, иако од официјализирањето на разводот помина цела деценија.

Братот на седумкратниот шампион во „Formula 1“, Михаел Шумахер, Ралф, и неговата поранешна сопруга Кора сè уште се под лупата на јавноста, а повод за медиумите даваат самите тие со своите потези.


Сега на ред дојде исповедта на Кора, во која зборуваше за тоа како не знаела дека Ралф е хомосексуалец, а по неговото признание бурно реагирала.

„Не знаев, во спротивно не би се омажила за него. Не би го фрлила мојот живот во ѓубре ни за сите пари на светот. Не би ги потрошила моите најдобри години“, раскажуваше Кора.


И покрај сите случувања и објави што поранешните сопружници упорно ги изнесуваат во јавноста, Кора вели дека нема намера да го промени презимето Шумахер.

„Зошто би го направила тоа? Би била глупава. Ќе го задржам презимето Шумахер сè додека можам да заработувам пари преку него“, порача Кора отворено.