Барселона утре ќе одигра натпревар против Комо во рамките на трофејот „Жоан Гампер“, а тренерот Ханси Флик на оваа средба нема да смета на Роберт Левандовски.
Искусниот напаѓач заработил мускулна повреда на тренинг и денеска клубот потврди дека нема да биде во конкуренција за важната генералка.
Клубот најави дека Левандовски нема да може да одговори на обврските, а враќањето на тренинзите ќе зависи од брзината со која ќе се рехабилитира, иако најважно е што повредата не е сериозна.
Лекарскиот тим е внимателен бидејќи Левандовски и претходно имаше проблем на истото место на левата нога, па јасно е дека и Флик ќе биде претпазлив во пресрет на почетокот на новата сезона.
Барса истата ќе ја отвори со дуел со Мајорка и веројатно ќе биде најреално да се очекува дека Левандовски нема да биде во комбинација и за оваа средба.