Раководството и стручниот штаб на Челси се обидуваат да состават што поконкурентен ростер за новата сезона, а покрај активностите околу засилувањата, на дневен ред се и излезните трансфери за ослободување од големиот број прекубројни фудбалери.
Сепак, менаџерот Енцо Мареска се соочува и со други проблеми, а еден од нив е посериозната повреда на Ливај Колвил, играчот кој имаше солидна минутажа претходната сезона, а сега ќе оди на долга принудна пауза.
Колвил се повреди на тренинг во пресрет на натпреварите на Светското клупско првенство, за неколку недели подоцна да стане јасно дека ги скинал лигаментите на коленото и ќе мора да се соочи со оперативен зафат и долга рехабилитација.
Оперативниот зафат е веќе успешно реализиран, а повредата на лигаментите вообичаено повлекува пауза од 6 до 9 месеци, што значи дека Колвил веројатно уште отсега ќе размислува само за сезоната 2026/27.
Минатата сезона тој беше стартер на 35 од 38 натпревари во Премиер лигата и имаше важна улога во тимот кој обезбеди пласман и во Лигата на шампионите.