[ФОТО] Бил во љубовна врска со Шакира, Македонките лудувале по него, а потоа завршил во затвор: Како денес изгледа Игнасио од „Касандра“?

Точка

06/08/2025

12:14

4.385

Големина на фонт

а а а

Освалдо Риос, порториканскиот актер кого го паметиме по улогата во познатата теленовела Касандра, во деведесеттите години беше сон на многу жени ширум светот.

Неговиот шарм, мускулесто тело и заводливиот поглед ги освојуваа гледачките, а улогата на близнаците Луис Давид и Игнасио му донесе слава и статус на латински заводник.

Денес има 64 години и иако влезе во седмата деценија од животот, сè уште изгледа зачудувачки добро – со само неколку брчки и фигура на која би ѝ завиделе и многу помлади колеги.


Актерот имал 32 години кога се снимала „Касандра“, а пет години подоцна започнал романса со тогаш 20-годишната Шакира. Нивната врска привлекла големо внимание од јавноста, не само поради разликата во годините – Освалдо бил 17 години постар – туку и поради фактот што младата пејачка отворено зборувала колку ѝ била важна таа љубов.


За време на нивната осуммесечна врска, Шакира му посветила дури две песни – Moscas en la casa и Que vuelvas. Подоцна објаснила дека првата ја напишала во момент на заљубеност, кога, како што рекла, „се гледале само доблестите“, додека втората песна ја создала кога љубовта веќе почнала да бледее:

„Тоа беше крајот на нашата врска.“


Темната страна на славниот актер

Сепак, она што на почетокот изгледало како бајка, многу брзо добило темна сенка. Освалдо Риос бил осуден на три месеци затвор поради физички напад врз тогашната девојка, што ги шокирало неговите обожавателки.

Во јавноста се појавиле и сериозни обвинувања дека наводно ја злоставувал Шакира, но тој остро ги негирал тие тврдења, нарекувајќи ги „апсурдни лаги“.


Тврдeл дека Шакира своевремено јавно го пофалила, велејќи дека се однесувал кон неа „како кон принцеза“. Пејачката, од друга страна, никогаш не ги коментирала тие обвинувања.

Зад себе има три брака и три деца

Освалдо Риос бил во брак три пати – со актерката Сули Дијаз, водителката Кармен Доминики и со Џералдин Фернандез. Тој е татко на тројца синови – Џулијан, Освалдо и Александро – а најстариот неверојатно наликува на својот славен татко.




Во октомври ќе го прослави својот 65-ти роденден, но според изгледот, лесно би можело да се помисли дека има само 45. Неговата кариера била бурна исто колку и приватниот живот, а Освалдо и денес привлекува внимание – и со својот изглед и со своите