Се очекува ова остварување да го следи патот на кралицата на попот од аутсајдерка од Детроит до планетарна музичка икона, со фокус на нејзината уметничка амбиција.
По долго молчење и шпекулации дека проектот е откажан, многумина претпоставуваа дека филмот за Мадона никогаш нема да го види светлото на денот. Сепак, според најновите информации, Џулија Гарнер ќе ја игра кралицата на попот во биографски филм за нејзиниот живот и кариера.
Гарнер беше избрана од Мадона да ја игра, откако помина низ многу строга аудиција, која глумицата ја опиша како „вистински предизвик“.
„Морав да научам да танцувам, да танцувам пред неа и да ја убедам дека знам како. И да пеам. И тоа со неа“, изјави Гарнер во поткастот „SmartLess“.
Подготвувајќи се за аудицијата, Џулија размислувала како Мадона: „Добро, што би направила Мадона? Таа би те убедила дека заслужуваш да бидеш тука – и така постапив. Бев во стилот: ’можеш да ме прифатиш или не, но ако ме одбиеш, тоа е твоја загуба‘“.
Филмот е режиран и делумно напишан од познатата пејачка. Засега не е потврдено кои други актери ќе играат во ова остварување.
Се очекува филмот да го следи патот на Мадона од аутсајдерка од Детроит до светска поп-икона, со фокус на нејзината уметничка амбиција.
Паралелно се развива и серија.
„Сакам да го пренесам неверојатното патување низ кое поминав како уметник, музичар, танчар – како човечко суштество кое се обидува да го најде своето место во овој свет“, изјави Мадона во 2020 година, кога проектот беше првпат најавен, според „WannabeMagazine“. „Universal Pictures“ првично беше вклучен, но во 2023 година се појавија информации дека сè е стопирано. Сепак, средината на минатата година, пејачката навести дека повторно работи на сценариото.
Неодамна беше објавено дека развива и серија за „Netflix“ за нејзиниот живот, во соработка со Шон Леви. Серијата, според изворите, не е поврзана со филмот, но двата проекта се развиваат паралелно.
Официјален датум за објавување сè уште не е објавен. Филмот сè уште е во фаза на развој, без конкретни информации за почетокот на снимањето. Сепак, како што изјави Џулија Гарнер: „Сè што е навистина вредно бара време. Ни останува да чекаме и да го следиме понатамошниот развој на настаните.“