„Wizz Air“ најавува 5 нови возбудливи рути: Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Ларнака и Прага

Точка

31/07/2025

12:01

2.803

Големина на фонт

а а а

Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија во регионот на ЕМЕА1, со задоволство најавува додавање на 5 нови рути во својата мрежа од Северна Македонија. Директните линии од Меѓународниот аеродром Скопје до Стокхолм, Мадрид, Прага, Бари и Ларнака се веќе достапни за резервација на wizzair.com и преку мобилната апликација WIZZ, со цени што започнуваат од само 969 денари (во еден правец, со вклучени сите задолжителни такси и една рачна торба).

Wizz Air исто така додава шести авион во својата база во Скопје, а целата флота ќе биде надградена со најсовремени авиони Airbus A321neo до крајот на оваа година. Овие промени ќе го зголемат капацитетот на авиокомпанијата за 60%, дополнително зацврстувајќи ја нејзината позиција како пазарен лидер во Северна Македонија.

Wizz Air, која брои повеќе од 200 вработени во Северна Македонија, останува посветена на поддршката на локалната економија преку инвестиции и вработување. Денешниот ден претставува значаен чекор напред, кој ја потврдува заложбата на Wizz Air за поврзување на Северна Македонија со клучните европски градови и отворање нови можности како за патниците, така и за економскиот развој.


Авиокомпанијата го цени препознавањето од страна на Владата на Северна Македонија дека воздухопловниот сектор има клучна улога во поддршката на економскиот раст, поврзаноста и туризмот во земјата.

Коментирајќи ја експанзијата, Andras Rado, раководител на комуникации во Wizz Air, изјави: „Нашата отпорност, стратешките инвестиции и неодамна одбележаниот 15-милионити патник ја потврдуваат нашата долгорочна посветеност на Северна Македонија. Веруваме дека силен авијациски сектор е од клучно значење за економскиот развој и растот на туризмот во земјата. Возбудени сме што отвораме врати за нови доживувања за нашите патници и со нетрпение очекуваме да пречекаме уште повеќе патници кои ја посетуваат Македонија. Овие нови рути исто така ја зголемуваат поврзаноста, отворајќи ги скриените богатства на Северна Македонија за европските патници. Let’s WIZZ!”

Комерцијален текст