Автомобил се судри со автобус кај Тетово: Повредено дете, а животот го загубија возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години

A1ON.MK

31/07/2025

19:09

2.290

Големина на фонт

а а а

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот кон Скопје, во близина на Тетово.

Увид на лице место изврши дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Според првичните информации, до несреќата дошло при контакт меѓу патничко возило и автобус, при што автомобилот со кој патувале тројцата загинати и повреденото дете излетал од патот.

Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години ги загубија животите во сообраќајната несреќа денес околу 15.45 часот на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“. Тие се наоѓале во патничкото возило „опел“ со тетовски таблици каде има и повреден сопатник.


-Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово. Во незгодата животот го изгубиле возачот Т.И (59) и сопатничките И.И.(55) и З.М.(71) од Тетово, додека сопатникот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на опсервација во Клиничка болница Тетово, информираат од СВР Тетово.

Увид на местотот е во тек кој го презел дежурниот Јавен обвинител и Увидна екипа од СВР Тетово.