Цените на лежалките на приморјето се главна тема во текот на летната сезона, но цените на оние во Пржно во Црна Гора привлекле големо внимание.
На Инстаграм страницата „podgorički.portal“ објавено е видео од плажата Пржно која припаѓа на хотелот Mаестрал, а цените предизвикале лавина коментари.
Имено, цена на комплет лежалки со чадор на оваа хотелска плажа изнесува 200 евра.
Мора да се земе предвид дека станува збор за приватна плажа на хотелот, а не обична градска плажа на која цените на лежалките се движат од 15 до 30 евра.
Судејќи по коментарите под видеото, причината за вака високите цени може да биде заради тоа што хотелската плажа на хотелот да не биде цело време полна и на тој начин да се оневозможи да ја користат гостите од хотелот за кои лежалките најверојатно се бесплатни.
„Откако знам за себе цените се високи на оваа плажа за да не доаѓаат луѓе кои не се гости во хотелот, на лежалките стои бројот на собите така што гостите не мора да стануваат во шест часот наутро за да заземат место“, гласи еден од коментарите.
Маестрал се наоѓа покрај Свети Стефан којшто важи за едно од најексклузивните места во Црна Гора.
Сепак, имало многу луѓе кои негативно реагирале на цените на лежалките на оваа плажа.
„Годинава ништо од море, баш поради лежалките“, „На Кипар се поевтини и тоа на целиот остров“, „Затоа и нема гости“, биле само дел од негативните коментари.