Лубеницата е една од омилените слатки, но за да изберете идеална можеби ќе ви треба време. Но, еден трик ќе ви помогне да го направите тоа веднаш.
Постојат низа методи кои се истакнуваат како проверени за да изберете сочна и слатка лубеница, а многу често се наведува дека изгледот на нејзините зелени линии може да помогне во изборот на идеалната лубеница.
Кал Хакс, водач на фарма за лубеници и боровинки која се наоѓа во Јужна Каролина, објаснил што претставуваат зелените линии на лубеницата, но и како да ја изберете најслатката лубеница.
„Создавањето мрежести мрежи е природна абнормалност на лубеницата која се појавува кога тие брзо созреваат од рана фаза“, објаснува Хакс.
За брзо и добро созревање потребна е вистинска рамнотежа на високите температури од околината и плодното тло, а создавањето на т.н. мрежи може да биде нуспојава на овој брз процес. Тоа исто така значи дека лубеницата треба да биде слатка.
Значи, создавањето зелени линии се појавува во текот на брзото зреење, но воедно може да биде показател дека лубеницата е слатка.
Но, Хакс вели дека постои и подобар начин да откриете дали една лубеница е слатка. Тој предложува да внимавате на некои црни точки кои се наоѓаат на дното од лубеницата.
Освен тоа, Хакс препорачува уште неколку визуелни знаци кои ќе ви помогнат во изборот на совршена лубеница. Најдобро е лубеницата да има многу дефинирани линии меѓу светлозелената и темнозелената боја на кората и убав жолт дел којшто покажува дека лубеницата е зрела.