Големите италијански ривали, Интер и Јувентус може да почнат преговори за размена на фудбалери кои имаат несигурна иднина во двата клуба.
Интер и Јувентус влегуваат во сезона со нови (Киву) и речиси нови (Тудор) тренери, па тие заедно со раководствата носат одлуки за фудбалерите кои не се неопходни и можат да ја променат средината ова лето.
Во Интер таков статус има Давиде Фратези, кој очекува поголема минутажа од досегашната, а Јувентус сака да го продаде Нико Гонзалес, кој не ги исполни очекувањата во првата сезона откако дојде од Фиорентина.
„Република“ тврди дека Интер и Јуве можат да преговараат за размена на Фратези и Гонзалес, со што и двата клуба би добиле профил на играчи какви што посакуваат во овој преоден рок.
За фудбалерите тоа би била нова шанса за докажување, па останува да се види дали почетните шпекулации ќе завршат со конкретни чекори од двете страни.