[ВИДЕО] Ким Кардашијан стана мета на потсмев поради начинот на кој одеше на ревијата: Снимката предизвика бројни реакции

Точка

10/07/2025

14:49

876

Големина на фонт

а а а

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан стана мета на потсмев откако се појави на ревијата на Баленсијага во рамки на модната недела во Париз.

Многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека таа не вложила никаков труд во оваа „задача“ и дека изгледала чудно.

„Вака изгледам откако ќе испијам две маргарити и се обидувам да изгледам нормално, но всушност сум пијана“, „Јас кога одам во тоалет среде ноќ“, „Само затоа што е богата не значи дека мора да се занимава со сè“, беа дел од коментарите.

Ким се појави во фустан сличен на оној што го носела легендарната Елизабет Тејлор во 1958 година во филмот „Cat on a Hot Tin Roof“.


Покрај тоа Ким се реши и за дијамантски обетки, чија цена е речиси 400.000 долари и ѓердан од околу 250 карати. Изгледот го надополни со виткана фризура, капут и потпетици со шпиц.

Инаку ова е последната ревија што дизајнерот Демна Гвасалија ја направи за Баленсијага, а тој и Ким се долгогодишни пријатели. Меѓутоа таа стана амбасадор на Баленсијага дури минатата година, иако долго време го рекламира споменатиот бренд.


Многумина се сеќаваат на нејзината модно издание во кое се појави на Мет Гала во 2021 година. Имено, таа буквално беше облечена во црно од глава до петици, а се работеше за креација на Баленсијага.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk