Шест намирници кои секојдневно ги консумираме, а најмногу му штетат на еден од најважните органи во телото

Точка

05/07/2025

14:00

1.689

Големина на фонт

а а а

Црниот дроб е еден од најважните органи – одговорен за детоксикација, произведување на бројни важни ензими и варење на мастите.

Сепак, често не размислуваме за тоа колку исхраната може да влијае на здравјето. Иако црниот дроб има способност за регенерирање, долготрајното изложување на штетни супстанции, особено по пат на исхраната, може да доведе до воспаленија, мастен црн дроб или дури и оштетување.

Според мислењата на различни нутриционисти, ова се некои видови храна кои се поврзуваат со зголемен ризик врз здравјето на црниот дроб.

1. Пржена и масна храна

Јадењата заситени со масти, како што се похувано месо, помфрит и брза храна, ги поттикнуваат собраните масти во црниот дроб. Редовното консумирање на ваквата храна го зголемува ризикот од безалкохолни масни болести на црниот дроб, особено кај луѓето со седечки начин на живот.


2. Преработено месо

Колбасите, саламата и сличните производи често содржат големи количини натриум, заситени масти и адитиви. Нутриционистите предупредуваат дека ваквите состојки дополнително го оптоваруваат црниот дроб и го зголемуваат ризикот од нарушувања.

3. Шеќери и засладени пијалаци

Прекумерното внесување на шеќери, особено низ газираните пијалаци е поврзано со таложење масти во црниот дроб. Фруктозата од овие производи исклучително се преработува во црниот дроб.

4. Алкохол

Иако умерените количини алкохол често се сметаат за прифатливи, експертите истакнуваат дека редовното консумирање алкохол може долгорочно да ги оштети клетките во црниот дроб.


5. Рафинирани јаглехидрати

Намирниците како белиот леб, печивата и тестенините брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Нутриционистите нагласуваат дека честото консумирање на ваквите јаглехидрати, особено без физичка активност може да придонесе во развојот на масниот црн дроб.

6. Индустриски сосови и грицки

Готовите сосови, чипсови и други преработени грицки често содржат скриени шеќери, трансмасти и конзерванси кои дополнително го оптоваруваат црниот дроб. Експертите предупредуваат дека ваквите производи имаат многу мала нутритивна вредност, а лесно се консумираат во прекумерни количини.