Првата дама на Америка носела чевли со висока потпетица дури и на погребот од папата Фрањо кога правилата за облекување тоа строго го забраниле, но вчера тие обувки ги заменила со класичната мода за секој ден.
Меланија Трамп не се појавува често во јавноста во последно време, како во првиот мандат од нејзиниот сопруг, но првата дама секогаш е посветена на својата работа.
Во секоја прилика во која ја гледаме со сопругот Доналд Трамп, таа изгледа отмено, а вчера оставила фасцинантен впечаток при посетата на Детската национална болница во Вашингтон.
Меланија за оваа прилика избрала да носи бела кошула со црни точки, класичен модел којшто бил со подвиткани ракави и едноставно пенсил здолниште до под колена.
Меѓутоа, овојпат таа не носела салонки на висока потпетица. Наместо нив носела балетанки од брендот „Roger Viveir“ кои биле украсени со сребрени копчиња.
Балетанките никогаш нема да излезат од мода
Рамните чевли инспирирани од облеката на балерините станале вистински класични модели кога станува збор за женската мода.
Балетанките се сечии омилени чевли за секој ден, а со соодветна комбинација можат да се облечат и за свечени моменти.
Тие се многу практични затоа што можат да се комбинираат со многу работи – од здолниште и фустани, до фармерки и деловни панталони.