[ФОТО/ВИДЕО] Нутела претставува нов производ: За прв пат по 60 години - добро познатиот намаз со додаток на кикиритки

Точка

25/05/2025

11:35

691

Големина на фонт

а а а

По повеќе од 60 години, Нутела воведува нова верзија на својот намаз: Нутела со кикиритки (Nutella Peanut).

Овој намаз ја комбинира препознатливата кремаста текстура на Нутела со богатиот вкус на печени кикиритки, создавајќи уникатна комбинација што ќе ги воодушеви љубителите на јаткасти плодови.


„Nutella Peanut“ е првиот нов вкус на брендот од неговото основање во 1964 година. Овој производ бил развиван пет години со цел да се задоволи растечката побарувачка за производи од кикиритки, особено на американскиот пазар каде што кикиритките сочинуваат 65 отсто од вкупната потрошувачка на јаткасти плодови.

Исто така, Нутела со кикиритки е и првата верзија на овој намаз без млечни производи во САД, што е значаен чекор кон растечкиот број на потрошувачи кои претпочитаат производи на растителна база. Производството ќе се одвива во фабриката на Фереро во Илиноис, која е проширена со инвестиција од 75 милиони долари за да се задоволи очекуваната побарувачка.


Новата Нутела ќе биде достапна на американскиот пазар од пролетта 2026 година. Иако засега нема информации за достапноста во Европа, успехот на американскиот пазар би можел да отвори врата за поширока дистрибуција на овој производ.