[ФОТО] Најстрашната во светот: Жичарницата за двајца – кошмар за клаустрофобичарите

Точка

24/05/2025

19:02

1.003

Големина на фонт

а а а

Алпскиот пејзаж на Вал Гардена во Доломитите е подеднакво импресивен во секое време од годината.

Без причина не е дел од списокот на светското природно наследство на УНЕСКО, а селата во долината ќе ви овозможат и возбудливо искуство со локалниот живот и интересни културни мешавини таму високо во облаците, а подеднакво задоволни ќе бидат и љубителите на авантури на отворено, скијачите и планинарите.


Магичните околни врвови се лесно достапни, бидејќи има повеќе од дваесет жичарници што водат од долината до нив. Меѓу нив се издвојува Сасолунго или Лангкофел,секако еден од најпрепознатливите врвови во Јужен Тирол, Италија, и честа тема во планинарската литература и имагинација.


Исто така и до Форчеле Сасолунго, панорамската точка, може да се стаса со жичарница. Но, не каква било жичарница, туку веројатно најуникатната во цела Европа, а според многумина, и најстрашната во светот – стоечката жичарница за двајца. Поради својот компактен и затворен дизајн, се нарекува „ковчег“, иако всушност е безбедна и сигурна.


Но, нејзиниот облик ќе ве потсети, ако не на ковчег, тогаш барем на тесен плакар, како за ходник. Меѓутоа внатре, не ве закачуваат на закачалка, туку буквално ве буткаат како во плакар и ја затвораат вратата. „Telecabina Sassolungo“ како што официјално се нарекува, има само еден погонски систем со сајла, што значи дека кабините не забавуваат на станиците. Ако сакате да влезете, мора да стигнете до подвижната кабина и да скокнете во неа.


Кабината има само задна врата што се отвора и затвора рачно, а за патниците успешно да влезат во жичарницата, има двајца пријателски расположени господа кои секого буквално ќе го впикаат во неа, ќе ја затворат вратата и ќе ја заклучат.



Излегувањето од телекабината е подеднакво предизвикувачко, но на станицата за пристигнување ќе ве пречека персонал кој ќе ве фати додека скокате за да не ја изгубите рамнотежата и да паднете. Жичарницата Сасолунго работи повеќе од педесет години, од 1972 година, и покрива висинска разлика од речиси 500 метри и растојание од повеќе од километар и половина. Сообраќа само во текот на летната сезона, а цената на еднонасочно возење е околу 20 евра.