[ВИДЕО] Севернокорејците неуспешно лансираа разорувач, Ким Џонг Ун ја осуди несреќата: „Небрежност што го наруши достоинството на земјата“

Макфакс

22/05/2025

08:34

3.539

Големина на фонт

а а а

За време на спуштањето во вода на нов севернокорејски воен брод, на кој присуствуваше и лидерот Ким Џонг Ун, се случи сериозна несреќа што Ким ја нарече „криминален чин што не може да се толерира“, објави денес државната агенција КЦНА.

Ким, кој беше сведок на неуспешното лансирање на разурнувачот, ја осуди несреќата како „небрежност што го наруши достоинството на земјата“, нареди бродот да биде обновен пред клучниот состанок на владејачката партија во јуни.

Во извештајот не се споменува дали имало жртви.

КЦНА соопшти дека инцидентот во пристаништето Чонгџин на истокот од земјата бил предизвикан од губење на рамнотежата за време на спуштањето на бродот и дека делови од дното на воениот брод биле смачкани, но не даде дополнителни детали за претрпената штета.

„Ким Џонг Ун даде строга проценка, велејќи дека станува збор за сериозна несреќа и кривично дело предизвикано од апсолутна невнимание, неодговорност и ненаучен емпиризам што е надвор од границите на можното и не може да се толерира“, објави КЦНА.

Ким рече дека несреќата „го довела до колапс достоинството и самопочитта на нашата држава“, додавајќи дека итна поправка на разурнувачот „не е само практично прашање, туку политичко прашање директно поврзано со авторитетот на државата“.

Реткото јавно објавување на несреќата следи по извештаите за лансирање на друг разурнувач со слична големина во април, на кој Ким присуствуваше во бродоградилиште на западниот брег на земјата.