[ВИДЕО] Први снимки од силниот земјотрес на Крит: Автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени се згради

Макфакс

22/05/2025

10:47

3.531

Големина на фонт

а а а

Жителите на Крит се загрижени откако силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди островот рано утрово и беше почувствуван низ цела Атика.

Според локалните медиуми, жителите скокнале од креветите со сведоштва дека сеизмичкиот потрес бил проследен со силен татнеж, додека многумина ги напуштиле своите домови за безбедност.

Пристигнаа првите снимки од земјотресот. На една, се гледа како автомобили и кабли на улицата се тресат, додека може да се слушне татнеж.

Во супермаркетите, производите паѓаа од полиците, предизвикувајќи штета, пишува Прототема.

По земјотресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер, во областа беа регистрирани уште девет последователни потреси, при што најмалиот беше со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, а најголемиот со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.