Невообичаената чанта на Валентино Гаравани чини околу 5.220 евра, а првпат се појави во рацете на актерката Мод Апатоу овој февруари на модната ревија на истоимениот бренд.
Сега кога сите модни настани се зад нас, вреди да се осврнеме на деталите што ги красеа. Имено оваа година, најголемо внимание привлече рачно насликаната чанта во форма на мачка, која ја носеа многу ѕвезди.
Таа чини 5.220 евра (5.800 американски долари), а како што кажавме првпат се појави во рацете на актерката Мод Апатоу, меѓутоа оттогаш се појави и во рацете на актерот и режисер Колман Доминго, на пејачката Шарлот Лоренс на доделувањето на Оскарите 2025 година, а ја носеше и кантавторката Клеро на синиот килим на овогодишната Мет Гала 2025 година.
Оваа чанта со 3D принт изгледа како винтиџ украс. Пастелните бои и големите очи на животното изгледаат како дел од детска соба од 1950-тите.
Сепак, самиот бренд предупредува дека ова е чанта, а не играчка и треба да се чува подалеку од дофат на деца.