Ни картички, ни достава – Во “Седмица” лани „изедени“ 4,9 милиони евра

Точка

08/05/2025

19:27

7.802

Големина на фонт

а а а

Не примаат онлајн нарачки. Не вршат достава. За плаќање, картички – не, само кеш. Старомодни се, но тоа не им пречи на фановите на „Седмица“. Работат турбо неколкуте сендвичари и ресторанот во Скопје. Толку добро, што лани биле продадени разни видови сендвичи, тостови, со или без додатоци, пирошки, пијачки… за 4,9 милиони евра. Навистина, за сто илјади евра помалку од преклани.

Но затоа, две години по ред профитот е над милион евра. Во 2024 – еден милион и 67 илјади евра. За 2023 добивката е послаба за 24 илјади евра.

Извор: Бизнис Мрежа

Од податоците на Бизнис мрежа се гледа дека до плусот кај добивката за минатата година е дојдено преку двата минуси што се обележје и на приходната и на расходната страна. Вкупните лански приходи на „7 Фаст фуд“ се за 2,64 проценти пониски од прекланските. Сепак, делотворно е дејството на намалените трошоци за 3,94 отсто. Тоа е и основата за растот на профитот.

Кој се храни во сендвичарите „Седмица“ знае дека е потребно да се застане во ред и да се почека додека се пристапи и да се порача. Исто така, не може да не се забележи дека вработените се брзи и добро уиграни.


Минатата година тимот броел 93 вработени. За 2,11 проценти помалку во однос на 2023, кога за да биде сѐ во ред во „Седмица“ се грижеле 95 лица. Со помалку персонал, кој броел 86 лица, познатата сендвичара функционирала во 2022 година.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.