Снимка од куче што се обидува да си игра со новороденче ќе ви го разубави денот

Точка

05/05/2025

16:58

884

Големина на фонт

а а а

Доаѓањето на новороденче во домот носи големи промени, не само за родителите, туку и за милениците кои мора да се прилагодат на новото секојдневие. Кога семејството добива принова, сè станува поинакво — нешто што добро го знае и јазавичарката Дафни, која неодамна стана „постара сестра“.

Дафни од самиот почеток ја сфатила својата нова улога мошне сериозно и не се одвојува од својата човечка сестричка. Но, се чини дека сè уште не е свесна за разликата меѓу бебе и возрасна личност.

На видеото што нејзината сопственичка Џилијан Џонсон го сподели на 26 април на "TikTok", може да се види како Дафни се обидува да си игра со новороденчето, но безуспешно. Таа му носи топче на бебето, а потоа збунето го гледа бидејќи бебето само лежи и не ѝ го враќа.

Снимката брзо ги освои срцата на гледачите и собра над седум милиони прегледи — не само поради преслаткото бебе, туку и поради невината желба на кучето кое само сака да си игра.

„Од лично искуство знам дека бебињата и кучињата стануваат сојузници штом бебињата почнат да фрлаат храна на подот“, „Дафни е навистина разочарана“, „Еден ден ќе станат најдобри пријатели“, „Кучињата се толку невини“, „Ова е многу воспитана јазавичарка, дури и лае тивко за да не го исплаши бебето“ — се само некои од коментарите на гледачите.

Watch on TikTok