Цитати од рускиот психотерапевт Литвак со кои ги откривате меѓусебните односи: „Ако ме критикуваат тоа значи дека сум значајна личност“

Точка

05/05/2025

15:00

967

Големина на фонт

а а а

Ова се цитатите на Михаил Литвак кои говорат за меѓусебни односи и светлината во рамките на тие односи.

Михаил Литвак, руски психолог, открил како да знаете со какви луѓе си имате работа. Неколку мудри цитати од познатиот психотерапевт можат да ви дадат увид во психологијата на меѓусебните односи.

1. Доколку ме критикуваат, тоа значи дека сум значајна личност. Слушајте поради што ве критикуваат, па ќе знаете што мислат луѓето за вас.


2. За да дознаете што чувствуваат луѓето кон вас, кажете им ги своите планови и соништа. Секој којшто има скриена завист веднаш ќе ве критикува. Оној којшто ќе ви посака сѐ најдобро, ќе ви открие како да го добиете она што го сакате.

3. Да препознаете некој којшто може да сака не е толку тешко. Секогаш ќе ви даде слобода, нема на ништо да ве принудува. Ќе ви биде благодарен што сте ја прифатиле љубовта. И како што ќе се приближувате кон таквата личност, нивниот однос кон вас ќе биде многу подобар.

4. Која е вистинската разлика меѓу зрелоста и незрелоста? Незрелата личност „знае“, но често не успева, додека пак зрелата личност „знае“ и следи. Доколку некој едноставно стои и критикува, а не успева да го спроведе својот совет на дело, тоа е знак на незрелост.

5. Доколку сакате да бидете сакани, работете на себе, не мешајте се во туѓите работи, помагајте само кога некој бара помош од вас.

6. Лута будала ги излева своите емоции на другите, а раздразливата ги насочува кон себе дури со тоа се фали. Тоа е најлошиот вид на психолошка состојба. Колку човекот е попаметен, станува посмирен не само однадвор туку и однатре.


7. Доколку имате добро мислење за себе, зошто е потребно уште некој добро да мисли за вас? Наместо тоа фокусирајте се на љубовта кон себе.

8. Не споделувајте ја негативноста со светот, без оглед на тоа со кого разговарате. Наместо тоа, споделувајте ја само радоста и среќата со пријателите и непријателите и секогаш ќе изнудите насмевка на лицето кај другите.