[ВИДЕО] Славната пејачка направила нешто невидено досега: Го сруши рекордот со 2.1 милиони луѓе и сите се прашуваат – што ќе каже Мадона?

Точка

05/05/2025

09:32

1.802

Големина на фонт

а а а

На денешната мапа на музичката историја, еден настан со златни букви испишува нова страница – спектакуларниот концерт на Лејди Гага на популарната плажа Копакабана во Рио де Жанеиро.

Според процените на локалните власти и организаторите, на концертот присуствувале неверојатни 2.1 милиони луѓе, што го прави еден од најпосетените музички настани во поновата историја.

Импресивниот број на луѓе, како океан којшто се слева под сцената, играле, пееле и заеднички дишеле со иконата на поп музиката, а вечерта била незаборавна.


Оваа бројка веднаш била споредена со легендарниот концерт на Мадона, одржан минатата година на истото место, каде според истражувањата имало околу 1.6 милиони луѓе.

Медиумите и фановите со право се прашуваат – дали Лејди Гага ја надмина Мадона на нејзин терен? Дали пред наши очи се одигрува ново поглавје во повеќедецениското ривалство на овие пејачки?

Приказната за Лејди Гага и Мадона никогаш не беше само за песните, тоа е приказна за симболизмот, трансформациите, дрскоста и непрекината борба за трон.

И двете се икони кои ги поместуваат границите, но и жени кои низ децении кариера секогаш биле споредувани. Мадона, доаѓањето на сцена на Лејди Гага своевремено го дочека со резерва, упатувајќи алузија дека младата ѕвезда го копира нејзиниот стил.

Од друга страна, Гага тврдела дека Мадона ѝ била инспирација, но дека нивниот уметнички израз е во различни правци. Меѓутоа, сега, после овој незаборавен настан во Рио, се чини дека Лејди Гага повеќе не е во сенка на никого.

Таа ги извела нејзините најголеми хитови, како: „Bad Romance“, „Born This Way“, „Shallow“, но публиката била емотивно „покорена“ и од нејзините говори за љубовта, храброста и прифаќањето.

Светкавиот костим, совршената продукција, ласерите кои го „сечат“ небото над океанот, тоа било концерт којшто повеќе личел на церемонија на пролетна револуција отколку на обичен настап.

Овој настан не само што го потврдил статусот дека Лејди Гага е глобална музичка сила, туку уште еднаш покажал дека уметноста има моќ да ги обедини луѓето, без оглед на годините, нацијата и полот.