[ФОТО] Сите погледи биле вперени во девојката на Дикаприо: Носела целосно проѕирен фустан

Точка

03/05/2025

15:29

2.812

Големина на фонт

а а а

Девојката на Леонардо Дикаприо, Виторија Черети, се погрижи сите очи да бидат вперени во неа за време на нејзиното појавување на црвениот килим во Њујорк, каде што носела проѕирен бордо фустан.

Присуствувајќи на четвртата годишна, глобална гала вечер на „King’s Trust“ во четврток вечерта, италијанската манекенка позирала во провокативното издание.


Имено, во центарот на вниманието се најде нејзиниот фустан, кој бил направен од проѕирен шифон, а фигурата на Виторија беше целосно видлива под проѕирната ткаенина.


Од друга страна таа се решила за едноставна фризура и шминка во неутрални бои, односно минималистички „smokey eye“ и „nude“ кармин, а модните додатоци ги свела на минимум.


Беше очигледно дека под фустанот не носела градник, а можеа да се забележат и нејзините црни гаќички. Исто така, фустанот со долги ракави кој се влечел по подот имал мрежест дел на предната страна кој го покрил нејзиниот стомак.


Черети го комплетирала изгледот со златна алка и златни обетки.


Инаку таа често пати е во центарот на вниманието на јавноста поради нејзината врска со Дикаприо. Парот се појави на насловните страници во јули 2023 година кога почнаа гласините за нивната врска. Исто така, имаше гласини дека се свршиле минатиот ноември, но тие сè уште не го потврдиле тоа.