[ВИДЕО] Канје Вест целосно „полудел“ – Со еврејски јутјубер пеел: „Нига, хајл Хитлер“

Точка

02/05/2025

17:04

1.608

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот рапер Канје Вест не престанува да шокира. По скандалот со кукестите крстови, неодамна на „Х“ беше објавена снимка од неговото „продуцирање“,во коешто го славел нацизмот во друштво на своите пријатели, вклучувајќи го и познатиот јутјубер Снико.

Имено, на снимките објавени на популарната мрежа, Канје Вест и неговите пријатели пеат песна во која доминираат зборовите „Нига, хајл Хитлер“.

Песната започнува со зборовите: „И покрај сите пари стекнати со славата, сè уште не можам да ги вратам моите деца. Дури и со сите мои пари од славата, сè уште не можам да ги видам моите деца. Нигас (навредлив термин за Афроамериканците) го гледаат мојот Твитер, но не гледаат колку сум среќен, па станав нацист, ку*ко, јас сум…“.

После тоа, Канје го повторува рефренот „Нига, хајл Хитлер“ и додава дека луѓето не разбираат што пишува на Х, поздравувајќи ги „сите негови црнци нацисти“.

За целата сцена да биде уште побизарна, со него заедно пее и популарниот и не помалку контроверзен јутјубер Снико, кој вели дека е Евреин, но е познат по своите антисемитски изјави.

„Секој политичар е во сопственост на ционистите; сите влијателни луѓе се во сопственост на сатаната“, рекол Снико во ноември, додека минатиот месец изразил поддршка за Палестина: „Слободна Палестина. Долу Израел, Алах е најголем“.

Потсетуваме, Канје со денови го малтретирал соседството со прегласна музика, а неодамна го излепил целиот кварт Ларчмонт во Лос Анџелес со „итен“ оглас во кој побарал „афроамерикански мажи“ за неговиот „хулигански хор“.

Во летоците, Канје побарал потенцијалните членови на хорот да не бидат „дебели“ и да носат црна облека со името на Шон „Диди“ Комбс – кому му се суди за наводно рекетирање, трговија со луѓе и други федерални злосторства.