Сколс со брутален заклучок за историската трка меѓу Ливерпул и Јунајтед: Сите пари ги ставате на…

Дерби

30/04/2025

12:20

486

Големина на фонт

а а а

Ливерпул во неделата ја завери 20-та титула во Премиер лигата и успеа да се израмни со Манчестер Јунајтед на вечната листа, но севкупно гледано, клубот од „Енфилд Роуд“ сега има повеќе освоено трофеи во сите натпреварувања.

Вечното ривалство меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е тема на разговор во денови кога „црвените“ од „Енфилд“ слават титула, па иако има и такви кои се обидуваат да го занемарат најновиот успех на тимот кој сега е предводен од Арне Слот, треба да се нагласи дека Пол Сколс не е дел од таа екипа.

Легендарниот играч за врска за Манчестер Јунајтед открива дека верувал во шампионскиот ген на Ливерпул уште во месец септември, а со ваков распоред на силите, би ставил пари дека клубот од „Енфилд“ ќе биде оној кој попрво ќе стигне до 21-та титула во Премиер лигата.

– Бев уверен дека Ливерпул ќе ја освои титулата во Премиер лигата уште кога ги видов како играат на „Олд Трафорд“ на 1-ви септември. Знаев дека Јунајтед не е во најдобра форма, но бев импресиониран од тоа што го видов од Ливерпул, – се навраќа Сколс на натпреварот кој заврши 0:3.

– Во тимот на Ливерпул има многу играчи кои постигнуваат голови, а знаев дека ќе имаат огромни шанси за титула ако Алисон и Ван Дајк останат фити. Иако Алисон пропушти дел од сезоната, Ван Дајк остана здрав и го предводеше Ливерпул до нова титула. Ова е огромно остварување за нив, можеби немаа притисок од екипи како Манчестер Сити и Арсенал, но и покрај тоа, тие имаа нешто повеќе во резервоарот.

– Дури и да беа притиснати, сметам дека ќе ја освоеја титулата пред Сити и Арсенал. На крајот, доста лесно ја освоија титулата и беа убедливо најдобри во Премиер лигата. Кога јас се пензионирав, Ливерпул имаше две титули помалку од Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, па знаев дека постои можност да не стигнат. Како што стојат работите во моментов, сите пари ги ставате на Ливерпул дека прв ќе стигне до 21-та титула пред Јунајтед, – искрено вели Сколс.