Градот Прилеп завиен во црно: Ненадејно почина Здравески, човекот кој беше симбол за успех во Победа

Дерби

30/04/2025

10:23

3.459

Големина на фонт

а а а

Градот Прилеп и македонскиот фудбал загубија една вистинска легенда во текот на изминатава ноќ, откако рано утрово пристигна тажна вест за ненадејна смрт на Николче Здравески, познат фудбалски работник од градот под Марковите Кули.

Славниот играч, а потоа и тренер на Победа речиси целиот свој живот му го посвети на саканиот клуб, а поради фактот што важи за еден од најдобрите играчи во историјата на клубот, веста за неговата смрт ги потресе сите во Прилеп.


Здравески беше клучен играч и капитен на Прилеп во најдобрите и најубавите моменти на клубот кога играше и против историскиот тим на Парма во Европа, но со него се врзани и најголемите успеси на Победа во самостојна Македонија.


Николче најпрво ја освои титулата во Првата македонска фудбалска лига како лидер на Победа на теренот, а потоа ја освои и како тренер во сезоната 2006/07.

Поради успехот во 2007-ма година, Здравески беше избран за тренер на годината од страна на ФФМ, но од неговата блескава фудбалска кариера, за одбележување е и тоа што запиша и два настапи за најсилната фудбалска репрезентација на Македонија.

Вечна му слава…….