Луис Енрике се огласи за повредата на Дембеле по важната победа на „Емирејтс“

Дерби

30/04/2025

11:43

423

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике одработи уште една фантастична работа против англиски тим во Лигата на шампионите, откако вчера неговиот ПСЖ успеа да го совлада Арсенал и да стекне блага предност пред реваншот кој се игра наредната среда во Париз.

„Светците“ славеа благодарение на голот кој го постигна Усман Дембеле по четири минути игра и Французинот уште еднаш покажа дека е во врвна форма оваа сезона, но во завршната фаза од мечот, офанзивниот фудбалер успеа и да ги загрижи навивачите откако го напушти теренот поради повреда.

Дембеле побара измена и со болна гримаса се упати кон соблекувалната, па секако Луис Енрике мораше да дава и први прогнози за повредата на клучниот фудбалер.

– Дембеле? Мислам дека не е ништо сериозно, таков е првиот впечаток. Сепак, ќе треба да направиме тестови и ќе има дополнителна информација за неговата состојба. Сигурно ќе биде неизвесен за реваншот, но наредните денови ќе знаеме повеќе околу тоа, – изјави Лучо.

– Натпреварот имаше повеќе фази и секој тим имаше свои моменти. Ние бевме подобри на стартот и одигравме извонредно прво полувреме, додека Арсенал во вториот дел почна да доминира со прекршоци, корнери и слично. Успеавме да се одбраниме и имаме добар резултат. Можеше да биде и подобро и полошо, но ништо не е решено. Не чека втор натпревар и очекувам да биде тесно како и на првиот меч. Арсенал ќе нема што да загуби и очекувам спектакуларен меч на реваншот, – заврши Луис Енрике.