На гала вечерта на магазинот „Тајм“ во Њујорк, по повод објавата на листата на 100-те највлијателни луѓе во светот, доминираше холивудски сјај и стил.
Црвениот тепих пред „Линколн центарот“ стана модна писта, а Скарлет Јохансон беше меѓу најфотографираните ѕвезди на вечерта.
И покрај тоа што за малку ќе се сретнеше со поранешниот сопруг Рајан Рејнолдс и неговата сопруга Блејк Лајвли, кои пристигнаа веднаш по неа, Скарлет го задржа своето расположение и насмевката не ѝ слазе од лицето. Според таблоидите, поранешните партнери вешто се избегнуваа и не дојде до директна средба ниту на забавата по церемонијата.
Јохансон блескаше во елегантен црн фустан со длабоко деколте, дополнет со впечатлив златен накит. Иако не беше придружувана од сопругот Колин Јост, актерката изгледаше смирено, самоуверено и во свој елемент.
Повторното појавување на престижната листа на „Тајм“ само го потврдува нејзиниот статус во индустријата. Таа моментално е извршна продуцентка на филмот „The Flash“ од Марвел универзумот, каде што главната улога ја игра Флоренс Пју. Покрај тоа, ова лето ја очекуваат две големи премиери – „Jurassic World: Rebirth“ и „The Phoenician Scheme“, а моментално работи и на нов проект со Том Круз. Сè што го допира Скарлет се претвора во блокбастер.
Вечерта помина во духот на стилот и влијанието, а Скарлет уште еднаш потврди зошто важи за една од најмоќните жени во Холивуд.