Беше најомразениот лик во „Игра на тронови“, дете на инцест и крал психопат – погледнете како изгледа денес

Точка

26/04/2025

16:43

2.603

Големина на фонт

а а а

Толку многу маестрално ја одигра една од најнегативните улоги во култната серија, што гледачите славеа кога ја гледаа сцената во која умира.

Џек Глисон, талентираниот ирски актер, беше на добар пат да стане легенда како актерите Лиам Нисон или Пирс Броснан, но славата не го интересирала премногу, па одлучил да излезе од тој свет.


Во последните две децении немало поголем телевизиски негативец од кралот Џофри, олицетворение на злото. Арогантен, разгален, садист и силеџија, ретко кој фан на „Игра на тронови“ би кажал нешто убаво за него.

Многумина славеа кога беше убиен на сопствената венчавка кога беше отруен. Но, она што е познато е фактот дека Џек Глисон којшто го толкуваше, е еден многу талентиран човек.

Ирскиот актер кариерата ја започнал на осум години, па веќе имал искуство зад себе кога ја добил улогата во една од најпопуларните серии на сите времиња.

Поради тоа што рано влегол во таа приказна, толку брзо и му здодеала. Одлучил да се повлече. Од Лондон се вратил во Даблин каде во август 2022 година се оженил со долгогодишната девојка Рошин О’Махони.

„Престанав да уживам во оваа работа. Станав познат, но некако веднаш посакав да избегам од тоа“, истакнал пред неколку години актерот.


Тој продолжил да студира теологија и филозофија, користејќи ги социолошките теории за да ги брани своите тврдења дека обожавањето на славните може да биде штетно. Сепак, повремено настапувал во театарски претстави и играл во неколку остварувања.

Иако го паметиме по русата коса од серијата, секако и по прекрасните сини очи, Џек во меѓувреме го сменил имиџот.