[ФОТО/ВИДЕО] Хејли Бибер стави крај на гласините за развод: Конечно проговори за нејзиниот сопруг

Точка

27/04/2025

16:26

1.768

Големина на фонт

а а а

Хејли Бибер ретко зборува за својот сопруг Џастин Бибер, но сега одлучи да стави крај на гласините за развод што кружат во последните месеци.

Основачката на брендот „Роуд“ беше прогласена за иноватор на убавината на годинашното на доделувањето на наградите „Дејли Фронт Роу“ во Лос Анџелес 2025 (Daily Front Row Fashion Los Angeles Awards 2025), каде што му се заблагодари на својот сопруг за неговата поддршка, пишува „Пејџ Сикс“.

28-годишната манекенка се качи на сцената во елегантен син фустан без прерамки и црни чевли, а по говорот го пофали Џастин за неговата поддршка во развојот на нејзиниот бренд.


Откако го опиша „Роуд“ како „чувство, начин на живот, место и свет отворен за сите што се наоѓаат во него“, Хејли рече за својот сопруг.

„Сакам да му се заблагодарам на мојот сопруг што го поддржуваше овој мој сон од самиот почеток и што секогаш ме бодреше. Ти благодарам“, изјавила таа.


Хејли, исто така, им се заблагодари на своите пријатели кои беа нејзини „најголеми обожаватели“, како и на „неверојатните клиенти“ на нејзиниот бренд.

Коментарот на Хејли за Џастин дојде само неколку часа откако пејачот одговори на шпекулациите за нивниот брак.

Тој објави на социјалните мрежи:


„Искрено, да бев на твое место, ќе бев љубоморен на мене и на Хејли што го живееме животот до максимум. Одлично ни оди и разбирам зошто тоа е тешко за некои луѓе.“

Иако често изразува незадоволство од папараците што го следат, Џастин нагласи дека нема намера да го напушти Лос Анџелес.