[ФОТО] Познатата актерка стана мајка за првпат на 49 години и си ја отворила душата: „Сакав и порано...“

Точка

11/04/2025

18:19

3.953

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Хилари Свонк (50) стана мајка за прв пат на 49 години. Таа ги доби близнаците, ќерката Аја и синот Ом со сопругот Филип Шнајдер, а неодамна откри како се носи со оваа улога и дали жали што порано немала деца.

„Сега сум многу поинаков родител отколку што би била во моите четириесетти. Многу сум потрпелива. Многу повеќе разбирам. Сега сум повеќе заинтересирана отколку што би била порано. Навистина ме интересира начинот на кој размислуваат, ме фасцинира она што ги движи. А покрај тоа имам кариера која веќе е изградена па не морам да бидам „растргната“ на две страни“, изјави актерката во интервју за „Здравјето на жените“ (Women’s Health), најпозната по улогите во филмовите „Девојка од милион долари“ и „Момчињата не плачат“.


Кога имала 37 години одлучила да ги замрзне своите јајцеклетки, а десет години подоцна одлучила да забремени и да роди близнаците.

На прашањето дали требало да се породи порано, таа одговорила:


„Сакав порано да имам деца. Не велам дека намерно чекав да имам 47 години, но тоа беше прекрасен период во мојот живот, кога сè добро се спои. Тоа беше вистинско време, поради многу причини. За среќа, имав можност да ги замрзнам јајцеклетките за подоцна да станам мајка“, искрено рекла таа, советувајќи ги жените да го сторат тоа ако можат, бидејќи тоа им одзема „огромен товар од грбот“.


Таа е во брак со нејзиниот сопруг Филип Шнајдер од 2018 година, а се запознале на состанок на слепо организиран од нивниот пријател. Тој ден биле неразделни од утро до вечер, а останатото е историја.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk