[ВИДЕО] Жена направила тест за бременост, бидејќи семејниот коњ се однесувал невообичаено – Резултатот ја шокирал

Точка

08/04/2025

20:46

4.589

Големина на фонт

а а а

Кога Кристен Оукли, младата мајка од САД, неодамна му се доближила на нејзиниот семеен коњ, не ни помислила дека ќе дознае нешто што ќе ѝ го разубави денот.

Во видеото што го објави на ТикТок кон крајот на март, Кристин со нејзиното бебе му пришла на својот 25-годишен коњ. Коњот Садс прво љубопитно ги надушкал бебето и Кристин, но набрзо го пренасочил својот фокус на нејзиниот стомак.


Неговото однесување ја изненадило Кристин, па решила дома да направи тест за бременост, а резултатот бил позитивен. „Садс бил гинеколог во минатиот живот“, се пошегувала сопственичката на коњот во објавата.

„Тој го направи истото кога прв пат бев бремена“, изјавила Кристин за „Newsweek“. „Никогаш не ми падна на ум да го направам тестот сè додека тој не го направи тоа“, додала Оукли.

Животните можат да откријат бременост

Научната заедница веќе документирала слични случаи претходно. Животните имаат исклучително развиени сетила кои можат да регистрираат суптилни промени во човечкото однесување и хемијата на човечкото тело.


Како што пишува „Newsweek“, тие можат да ги почувствуваат хормоналните промени кои влијаат на мирисот на телото, но и да забележат мали промени како што се поинакво држење на телото, одењето, навиките во исхраната или нивото на енергија. Во подоцнежните фази од бременоста, животните дури можат да го слушнат чукањето на срцето на бебето и да го забележат растот на стомакот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk