Кифлички со цимет: Меки како душа – ќе ја исполнат куќата со неодолив мирис

Точка

14/04/2025

14:15

1.154

Големина на фонт

а а а

Нема ништо поубаво од мирисот на топли кифлички што се печат во рерна, а особено кога се со цимет.

Овие меки и миризливи кифлички не само што ќе го освојат вашето непце, туку ќе ја направат целата куќа да мириса како вистинска пекарница. Совршени се за утринско кафе, за чај во попладневните часови или за сладок завршеток на денот. Најдобро од сè – не се комплицирани за подготовка, а вкусот е незаменлив.

Доколку немате кафеав шеќер, не грижете се – можете да го замените со обичен бел, иако кафеавиот ќе даде подлабок карамелизиран вкус.

Состојки за тестото:

• 400 грама брашно

• 220 мл млако млеко

• 75 грама шеќер

• 70 грама омекнат путер


• 1 квасец (свеж или 1 кесичка сув)

За преливот/облогата:

• 30 грама путер (стопен)

• 2 лажици кафеав шеќер

• 1 лажица какао

• 1 лажичка цимет

Совет: Наместо какао, можете да намачкате и еурокрем за побогат вкус. Овие кифлички трпат импровизации – пробајте и со рендано јаболко, суво овошје или парченца чоколадо.

Подготовка:

1. Припрема на тестото:

Во сад, растворете го квасецот во млако млеко. Додајте го шеќерот, омекнатиот путер и брашното. Замесете меко и еластично тесто. Ако е лепливо, додајте малку брашно – но внимавајте да не биде тврдо. Покријте го и оставете го на топло место околу 45-60 минути, додека не се удвои.


Откако тестото ќе нарасне, расукајте го во правоаголна форма, со дебелина од околу 0,5 см. Премачкајте го со стопен путер, па посипете рамномерно со мешавината од шеќер, какао и цимет. Виткајте во ролат и со остар нож исечете парчиња дебели околу 2-3 см.

Наредете ги во намрсен плех или на хартија за печење, оставајќи мал простор меѓу нив. Покријте ги и оставете ги да киснат уште 30 минути.

3. Печење:

Загрејте ја рерната на 200°C. Печете ги кифличките околу 15-20 минути, или додека не добијат убава златна боја. Внимавајте да не ги препечете – важно е да останат меки.

4. Последен допир – прелив:


Откако ќе ги извадите од рерната, уште додека се топли, прелијте ги со малку стопен путер измешан со шеќер и цимет. Можете и да додадете неколку капки ванила или капка рум за дополнителен шмек. Овој чекор не е задолжителен, но им дава неодолива арома и сјај.

Уживање:

Се служат топли, со чаша млеко, кафе или чај. Ако ви останат (иако тешко дека ќе се случи следниот ден само малку загрејте ги и ќе бидат како свежи!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk