Науката успеала да докаже: Врската помеѓу мајката и ќерката е посилна отколку што мислевме

Точка

10/04/2025

14:15

4.613

Големина на фонт

а а а

Доколку мајка ви и понатаму е првата личност на која ѝ се јавувате кога имате проблем, не сте единствените, а науката има објаснување зошто е тоа така.

Имено според истражувањето објавено во „Journal of Neuroscience“, врската мајка-ќерка е најсилната врска меѓу сите комбинации родител-дете, барем кога се гледа како мозокот ги обработува емоциите.


Додека односите меѓу мајките и синовите, татковците и ќерките и татковците и синовите често се полни со љубов и поддршка, истражувачите откриле дека емоционалното разбирање е подлабоко кај мајките и ќерките. Причината, велат научниците, лежи во хемијата на мозокот.

Во истражувањето во кое учествувале 35 семејства, било откриено дека делот од мозокот кој ги регулира емоциите е многу посличен кај мајките и ќерките отколку во која било друга комбинација родител-дете. Тоа значи дека мајката полесно ќе сфати низ што поминува нејзината ќерка, бидејќи буквално може да се замисли себеси на нејзино место.

Мајката како емотивен барометар

Ова откритие има пошироко значење, особено кога станува збор за менталното здравје. Водечкиот автор на студијата, професорката по психијатрија, Фумико Хоефт од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, истакнала дека токму тој дел од мозокот што го делат мајките и ќерките е поврзан со депресијата. Со други зборови, ако мајката имала искуства со депресија, големи се шансите дека ќерката ќе ја наследи, но добрата вест е што ова знаење може да се искористи за превенција и навремено дејствување.


Хоефт додала дека ова истражување е првото кое ја искористило технологијата на МРИ за проучување на структурата на мозокот низ генерации. Во иднина, таквите истражувања би можеле да помогнат за подобро разбирање на наследните обрасци кај состојби како што се анксиозност, аутизам, зависност, шизофренија или дислексија.

Зошто мајките претпочитаат ќерки, а татковците синови?

Покрај ова истражување, и други истражувања се занимавале со силните семејни врски. Едно од нив покажало дека мајките често преферираат ќерки, додека татковците почесто ги претпочитаат синовите, бидејќи со нив споделуваат повеќе заеднички искуства.


Уште едно истражување покажало дека врската помеѓу мајката и ќерката останува најсилна во сите фази од животот, дури и кога се менуваат семејните околности.

Научниците заклучиле: оваа посебна врска не е само прашање на чувства, таа е запишана и во мозокот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk