Шајло Џоли која има 18 години, од мала го привлекува вниманието на јавноста, особено поради нејзиниот изглед. Како што пишуваа медиумите, некогаш таа беше копија на Бред Пит, но сега сè повеќе се забележуваат нејзините неверојатно слични црти на лицето како нејзината мајка, Анџелина Џоли.
Некои се убедени дека Шило е „слика и прилика на мајка ѝ“, додека други тврдат дека Шајло е малото девојче на татко ѝ. Дури имаше и гласини дека Анџелина се нервира зошто нејзината ќерка личи на Бред Пит, бидејќи тоа постојано ја потсетува на него.
Но, неодамнешните папарацо фотографии покажуваат дека Шајло сè повеќе наликува на Анџелина. Таа беше „фатена“ пред студио за танц како лежерно се дружи со пријателите, облечена во црн дуксер создаден од хуманитарната организација „United Way“, позната по својата работа за подобрување на образованието, здравјето и финансиската стабилност на заедниците.
Се чини дека, исто како и нејзината мајка, Шајло има силно чувство за социјална правда и еднаквост.
Облечена во облека за тренинзи за танцување – таа ги истакна класичните, изразени црти на лицето што ја искачија Анџелина на врвот на Холивуд пред две децении. Но, она што најмногу привлече внимание беше нејзината фризура: плетенки во холандски стил, истите кои Анџелина ги носеше како Лора Крофт во филмот „Ограбувачка на гробници“ , па многумина се согласија дека Шајло е копија на Анџелина од нејзините млади денови.
На крајот на денот, Шајло добила генетска лотарија со самото раѓање, бидејќи не можела да наследи „лош“ ген ниту од татко ѝ, ниту од мајка ѝ, па секако е преубава.
Без сомнение - Шајло го менува својот стил. Долго време важеше за девојка која ги отфрла традиционалните полови норми – носела исклучиво широка, „машка“ облека во тотална „панк“ варијанта. Денес, иако сè уште избира потемни бои и удобна облека, таа ја пушта косата и почесто носи женствени детали.
Промените што се гледаат однадвор може да бидат резултат на внатрешни пресврти. До пред неколку месеци, многумина биле загрижени за нејзината емотивна состојба - делувала тажно и повлечено, а самата Анџелина постојано зборувала за нејзините грижи за Шајло.
Контактот со таткото сè уште не е обновен. Бред Пит, според извори, многу страда поради тоа и наводно неколку пати се обидел да воспостави врска со својата ќерка, дури и побарал помош од Анџелина, но се чини дека таа не е подготвена да посредува.
Да потсетиме, Анџелина и Бред беа во брак од 2014 до 2019 година. Имаат три биолошки деца и посвоиле уште три. По разводот, сите деца ја прекинале врската со својот татко, а повеќето одлучиле и формално да се откажат од неговото презиме.