Нивната неодлучност влијае на емоциите, што може да доведе до конфузија во однос на нивните вистински чувства.
Луѓето родени во овој хороскопски знак се познати по својата неодлучност, поради која често се чувствуваат несреќно. Се работи за Вага.
Вагите, оптоварени со потребата да контролираат сè, често се чувствуваат тажно, па дури и депресивно, бидејќи не можат да го контролираат секој аспект од својот живот. Нивната неодлучност влијае на емоциите, што може да доведе до конфузија во однос на нивните вистински чувства. Емоционалната рамнотежа е клучна за Вагата, а кога тага ќе ги надвладее, лесно можат да се лизнат во безнадежност, што може да доведе до депресија. Меѓутоа, ако веруваат во својата способност да ја надминат тагата и да побараат помош, можат брзо да закрепнат.
Припадниците на овој знак се сакани во општеството поради нивната добрина и интелигенција, а особено добри односи имаат со спротивниот пол. Иако се едни од најбалансираните знаци, Вагите, кога се депресивни, често се чувствуваат нестабилно и нерасположено, а желбата за дружење им се намалува. Иако можат да бидат склони кон чувство на безнадежност, Вагите се трудат да останат присебни и да ги расположат другите околу нив.
Иако можеби изгледа чудно, Вагите често ги ставаат туѓите чувства пред нивните. Меѓутоа, поради нивните негативни ставови и самокритичност, тие често стануваат најголем непријател на својот пат кон среќата.