Утринава социјалните мрежи ги „запали“ новата кампања на Келвин Клајн со Бед Бани во главната улога, а карактеристично за овој бренд – музичарот од Порторико позирал само во Келвин Клајн долна облека.
Бед Бани денеска беше претставен како заштитно лице на новата пролетна кампања за долна облека на Келвин Клајн, снимена од легендарниот Марио Соренти. Раперот им се придружува на многу познати мажи како Џереми Ален Вајт, Џастин Бибер и Марк Волберг кои претходно беа заштитни лица на брендот.
За новата кампања, Бед Бани не носел ништо друго освен неговите тетоважи и белите Келвин Клајн гаќички, а снимките и фотографиите кои утрово беа споделени на профилите на брендот ги „запалија“ социјалните мрежи.
„Работевме на ова некое време, ми беше задоволство да видам како конечно оживува“, рече Бани во соопштението за јавноста, „Возбуден сум и благодарен за можноста да бидам дел од култната кампањата на овој бренд, а снимањето во Порторико го направи тоа многу поспецијално и поавтентично“.
Фотографиите беа придружени со видео објавено со звуците на неговата песна „EoO“, а поттикнаа илјадници коментари во кои неговите обожаватели му се заблагодарија на брендот за ваквите провокативни кадри.
„Најлесниот и највпечатливиот начин да го ставам својот потпис на кој било проект е секогаш преку музиката“, изјавил раперот за „GQ“.
Снимањата на Келвин Клајн имаат прилично ригорозни стандарди за физичка подготвеност поставени од претходните познати мажи како Дејвид Бекам кои позираа за кампањите, а Бани го вложил целиот неопходен напор за да го постигне тоа.
„Имав цела рутина фокусирана на мојата телесна градба и постигнувањето на најдобра форма за оваа кампања“, признал пејачот за „GQ“.