[ВИДЕО] Балканскиот патописец го посетил „градот на духовите“ – Морничаво место каде некогаш уживале светските ѕвезди

Точка

14/03/2025

21:16

1.235

Големина на фонт

а а а

Босанскиот патописец и јутјубер Роберт Дацешин посетил повеќе од 110 земји во светот, а неодамна објави видео во кое покажа како изгледа градот Вароша, некогаш луксузно одморалиште во Кипар.

Вароша денес е познат како „град на духови“. Во него никој не живеел од 1974 година, а до пред неколку години бил во целосна изолација.


Лоциран во јужниот дел на градот Фамагуста, Вароша бил популарна туристичка дестинација пред турската инвазија во 1974 година, привлекувајќи познати личности како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон и Брижит Бардо.

Градот на духови некогаш бил место на гламур и сјај

„Во врвот на својата слава, овој град бил место на гламур, сјај и богатство на тоа време. Луксузот и раскошот траеле само четири години, а во август 1974 година, животот овде застана, а сите 39.000 жители во тоа време останаа без покрив над главата“, објасни патописецот на почетокот од неговото видео.

По инвазијата, жителите ја напуштиле областа, а Вароша останала затворена и напуштена повеќе од четири децении. Зградите пропаднале, а природата полека ја презема контролата, претворајќи го некогаш популарното одморалиште во морничава глетка.


50 години изолација

Кипар е поделен на два дела од 1974 година, а градот Вароша стана „ничија земја“, поради што влезот во градот бил забранет, до 2020 година кога повторно беше отворен за туристи. Дацешин имал можност да влезе внатре и да покаже како изгледа градот и да разговара со поранешните жители на кои се присетиле како изгледал животот во некогаш популарното летувалиште.




Поради тензиите меѓу грчкиот и турскиот дел на островот, на поранешните жители и посетители им бил целосно забранет пристапот до градот, а оградата околу одморалиштето се прошири во морето, спречувајќи некој да доплива до него.