[ФОТО/ВИДЕО] Ова е најчудното место во Европа: Две држави во еден град и посебно правило кое важи за Србите

Точка

14/03/2025

22:06

2.016

Големина на фонт

а а а

Ова е последниот поделен главен град во светот и без сомнение едно од најкомплексните места во Европа.

Светскиот патник Роберт Дацешин нѐ носи на патување низ еден од најчудните градови, кој е поделен на два дела. Помеѓу овие два дела постои тампон зона, а надвор од тампон зоната се две сосема различни култури, менталитет и јазик.

Ова е приказна за Никозија, последниот поделен главен град во светот и без сомнение едно од најкомплексните места во Европа.


Како дошло до поделбата на Никозија?

Никозија станала главен град во 1960 година, а инвазијата на Турците во 1974 година го поделила градот на два дела - грчки и турски. Јужниот дел на градот денес е луксузен, со прекрасни булевари. Од другата страна е северна Никозија, која го задржала стариот шарм и малку се променила со текот на годините.

Градот е поделен со т.н. зелената линија, која го добила своето име затоа што силите на ОН користеле зелен маркер за да ги исцртаат границите што ќе го поделеле островот на два дела. За преминување од една на друга страна има службен премин кој воглавно го користат само туристите.


Во првиот дел се чувствува влијанието на Западот, има бројни ресторани со грчка кујна, православни цркви и сувенири поврзани со грчката митологија. Веднаш од другата страна се чувствува мирисот на ориентот, насекаде има натписи на турски јазик. Наместо цркви и манастири, на местото доминираат џамии, од кои особено е издвојува џамијата „Селимија“, која некогаш била црквата „Св. Софија“.

Се разликуваат и регистарските таблички. Во турскиот дел табличките на возилата немаат ознака на Европската Унија.

Она што особено ги изненадува туристите кога доаѓаат во Никозија е тоа што времето на турската и грчката страна на Кипар е еден час различно, бидејќи Турската Република Северен Кипар одлучи да го укине летното сметање на времето.

Грчкиот дел на Кипар го користи еврото, додека турскиот дел на Кипар турската лира.

Како локалното население гледа на поделбата на островот?

Роберт разговарал со кипарските Грци, а еве како тие гледаат на сѐ што се случило на островот.

„Има неколку разлики. Како прво, тоа се религијата, културата и менталитетот. Бидејќи работам како возач, имам можност да одам на другата страна, на турската страна на Кипар, која ние Грците ја нарекуваме окупирана територија. Сакам да бидеме обединети еден ден, да бидеме еден народ. Има нешто посилно од религијата и политичките прашања, а тоа е љубовта. Верувам дека каде што постои волја постои и начин. Имам силно чувство дека двете страни сакаат да живеат заедно“, вели еден жител на грчкиот дел на Кипар.


Друг вели дека сето ова е тажно и дека Кипар не припаѓа ниту на Грција ниту на Турција, а потоа накратко објаснува зошто дошло до поделбата.

„Кипрани што зборуваат грчки убиле неколку Кипрани што зборуваат турски. Кипрани што зборуваат турски убиле Кипрани што зборуваат грчки. Турција решила да го нападне Кипар, окупирале околу 39% од територијата, а жителите што зборуваат турски ги префрлиле на другата страна. Имам многу пријатели кипарски Турци, нашиот однос е братски“, искрен е Кипранецот.

Како изгледа тампон зоната?


Границата е долга 190 километри. Мисијата на ОН ја контролира тампон зоната. Кога започнала турската инвазија на Кипар, и сите луѓе биле протерани од оваа зона, секој што ќе бил виден дека се движи таму, војниците би имале право да пукаат.

Меѓутоа, човечката тврдоглавост понекогаш е многу силна, па и покрај заканите и уцените решиле да останат таму, вели Роберт.


Извесна госпоѓа Ана, која живеела во средината на тампон зоната, и чија врата била свртена директно кон средината на овој простор, одбивала да ја напушти својата куќа. Со текот на годините се спријателила со војниците кои ја обезбедувале областа, а тие ја снабдувале со основните потреби. Ана си терала по својот пат и живеела таму до својата 91 година. Нејзиното тело било последното нешто што било изнесено од оваа зона.

Денес ова место изгледа заробено во времето.