[ВИДЕО] Свршеницата на Меколи Калкин: „Тој не знае да вози и никогаш не перел алишта“

Точка

14/03/2025

20:18

671

Големина на фонт

а а а

Актерката Бренда Сонг, свршеница на актерот Меколи Калкин, гостувала во шоуто на актерката Џенифер Хадсон. Таму таа ги изненади гледачите откривајќи некои вештини кои нејзиниот свршеник сè уште не ги совладал.

„Секогаш велам дека Мек е уникатно човечко суштество, имајќи предвид дека е најпознатиот детски актер во светот. Сè уште не знае да вози! Му дозволив да нè вози низ соседството, и се преплашив. Овој 44-годишен маж вози за прв пат? Морам да вработам некој да го прави тоа“, раскажала Сонг.

„Се обидувам да го научам“

„Живеел и пораснал во хотели, никогаш не перел алишта сам, бев шокирана … Јас научив да перам алишта кога имав 10 години за да ѝ помогнам на мајка ми. Смешно е, се обидувам да го научам“, додала таа.

Потсетуваме Меколи и Бренда првпат се сретнале во 2014 година во куќата на актерот Сет Грин, а Сонг во едно интервју се присети како Калкин „се обидувал да биде смешен“ правејќи шеги за серијата „Dads“ во која глумеле таа и Грин. „Воопшто не бев импресионирана од него, го признавам тоа“, изјавила Бренда.


Се свршиле во 2022 година

Калкин и Сонг се свршиле пред три години, но не брзаат со венчавката. Бренда откри дека неколку пати размислувале за опцијата „да избегаат и да се венчаат некаде далеку“, но секогаш се откажувале од тоа. „Размислував за мајка ми која би доживеала срцев удар доколку не присуствува на нашата венчавка“, рекла актерката. Актерот исто така објаснил дека не би сакал да ја вознемири својата идна свекрва. „Не би можел да го сторам тоа“, рече тој низ смеа.


Тие го добија својот прв син Дакота во 2021 година, а Бренда тогаш изјави дека почнала да ја планира венчавката, но дека ѝ било тешко да ги балансира сите нејзини обврски со мајчинството. „Планирањето на свадба е толку скапо и одзема многу време“, рече таа тогаш. Инаку набргу по првото, парот доби и второ дете, синот Карсон.