Бразилецот Мишел Тело (44) пред 14 години го освои светот со песната „Ai Se Eu Te Pego“. Меѓута таа не е негово оригинално дело, туку преработка на песна на бендот „Os meninos de seu Zeh“.
Неговата преработка најпрво стана популарна во Бразил, а потоа и меѓународен хит.
На Јутјуб песната има 1,2 милијарди прегледи, додека на Спотифај била стримувана повеќе од 316 милиони пати. Дополнителна популарност ѝ донесоа фудбалерите како Нејмар и Кристијано Роналдо, кои танцуваа на песната по победничките натпревари.
Покрај оваа песна, Мишел имал само уште една песна која станала популарна надвор од Бразил, а тоа беше „Бара Бере“.
Настапувал во Хрватска
Тело кариерата ја започнал на седумгодишна возраст, а на 16 години се приклучил на бендот „Grupo Tradição“. По 11 години и безброј хитови, се решил за соло кариера, па така само во 2011 година одржал повеќе од 240 концерти, настапувајќи пред повеќе од 17 милиони луѓе.
Исто така во август 2012 година, Тело настапил во арената Пула во Хрватска пред огромна публика.
Денес тој е еден од најпознатите пејачи во Бразил
Во досегашната кариера има издадено само еден албум, но многу синглови. Пејачот ѝ останал верен на сертанехо музиката со која ја започнал својата кариера.
Од 2015 до 2023 година, тој бил ментор на бразилската верзија на „The Voice“ и „The Voice Kids“. Од 11-те сезони кои ги снимил, дури осум победници биле дел од неговиот тим. Тоа го прави втор ментор со најголем број победи во целата франшиза, зад Блејк Шелтон, кој има девет победници.
Инаку на Инстаграм, Тело често споделува снимки од неговите концерти, но и приватни моменти. Во 2012 година, тој се развел од Ана Каролина Лаго, а потоа започнал врска со актерката Таис Ферсоза, со која сега има две деца.