Објавени се нови информации за овој телефон, кој би можел да биде најдобриот производ во својата ценовна категорија.
Последните две генерации на "Google Pixel" беа прогласени за најдобри телефони во светот за 2024 и 2025 година на најголемиот светски мобилен саем "Mobile World Congress". Минатата недела "Pixel 9 Pro" ја доби оваа престижна титула благодарение на одличниот хардвер, квалитетните камери и интеграцијата на вештачката интелигенција директно во уредот.
За 2025 година, "Google" подготвува нова генерација на "Pixel" телефони, од кои се очекува многу. Добрата вест за сите што размислуваат за "Google Pixel" е што, според најновите информации, компанијата подготвува голема новина за својот основен и поевтин модел – "Pixel 10", функција што досега беше резервирана само за "Pro" моделите.
Трета камера за "Pixel 10"
Основните "Google Pixel" модели досега имаа само две задни камери – главна и ултраширока, но според рендерите на новиот модел, објавени од "Android Headlines", "Pixel 10" ќе добие уште една камера. Станува збор за телефото камера, која ќе овозможи поголем зум и поприродни фотографии на големи растојанија. Ова, според "Digital Trends", е огромна надградба, особено во оваа ценовна категорија.
Since many of you are asking... Yes, as shown on the highly detailed renders made by my man @iDesigner3D, the base #Google #Pixel10 comes with a triple rear camera setup which includes a Telephoto/Periscope... pic.twitter.com/dTGwoLritZ
— Steve H.McFly (@OnLeaks) March 11, 2025
Лансирање во август?
Во САД, почетната цена на "Pixel 9" изнесува 799 долари, исто како и за почетниот модел на "iPhone 16", при што двата модели доаѓаат со две камери. Ако "Google" додаде уште една телефото камера на основниот модел, а ја задржи истата цена – што се очекува – тоа ќе ја подигне конкуренцијата на повисоко ниво и ќе претставува директен предизвик за "Apple" и нивниот "iPhone".
Дизајн и перформанси
Кога станува збор за изгледот, "Pixel 10" ќе биде многу сличен на "Pixel 9 Pro", со испакнат модул за камери во форма на „пилула“ на задната страна. Не се очекуваат значајни промени во дизајнот, но она што ќе биде најважно се подобрувањата на хардверот.
Освен новата телефото камера, сите нови "Pixel" уреди ќе го добијат моќниот "Google Tensor 5" чипсет, кој ќе биде значително побрз од актуелните модели и ќе понуди подобри графички перформанси.
Како и "Pixel 9", така и "Pixel 10" ќе има 6.3-инчен "OLED" екран со "FHD+" резолуција и освежување од 120 Hz. Официјалниот датум на претставување сè уште не е познат, но според претходните шпекулации, "Google" најверојатно ќе ги претстави новите телефони во текот на август.