Вистинска драма при полицискиот претрес – пратеникот Јахоски во обид да ја саботира акцијата?!

Нетпрес

11/03/2025

08:49

7.756

Големина на фонт

а а а

При полицискиот претрес во домот и канцелариите на едно од лицата осомничено за учество во сомнителните набавки на нафтени деривати, поточно осомничениот Асмир Јахоски, наместо мирно соочување со органите на прогонот, пратеникот Исмаил, неговиот татко направил вистински хаос, дознава НетПрес од извори во истражните органи!

Според нашите информации, пратеникот одбивал да ги отвори вратите од службените канцеларии и при тоа одбивајќи ги наредбите на полицијата и повикувајќи се пратеничкиот имунитет. Додека тимот за претрес се подготвувал да влезе за да го спроведе истражното дејствие, истиот се обидел прв да дојде до одредена документација и електронски уреди кои можат да го поврзат со спорните набавки.

Исто така, нашите извори велат дека во текот на акцијата, ситуацијата ескалирала во моментот кога полицијата пронашла сеф со оружје и кеш пари.


Дали ова ќе го потврди полицијата, ќе бараме одговор во текот на денот.


Целиот текст прочитајте го ТУКА.