Хотелот „W Edinburgh“ во Единбург е прогласен за најдобар хотел во Шкотска за 2025 година. На доделувањето на наградите „Hotels of the Year Scotland“, доделена му беше и наградата за најдобар лајфстајл луксузен хотел, најдобар коктел-бар и најдобра спа зона во 2025 година.
„W Edinburgh“ е хотел со пет ѕвездички со 199 соби, сместен во срцето на градската четврт Св. Џејмс во главниот град на Шкотска, а откако бил изграден и отворен во ноември 2023 година, привлекува внимание со својот невообичаен изглед.
Тркалезната зграда обвиткана е со челични ленти, а детаљот на врвот од зградата многумина ги потсетува на „незгоден“ емотикон.
„Простете ми за моето непопуларно мислење, но крајно лудило е што една од најживописните панорами на светот е извалкана со архитектонско олицетворение на измет емотикон“, напиша на социјалните мрежи, Олаф Стандо, советникот на шкотскиот премиер кога за прв пат беше претставен дизајнот на хотелот „W Edinburgh“, пренесе Дејли Мејл.
Судиите на наградите за најдобар хотел во Шкотска имаа само пофални зборови за „W Edinburgh“. Тие го пофалија шармантниот професионализам на гостопримливиот и ентузијастички тим што го управува, неговиот храбар дизајн и богата понуда, која вклучува ненадминлив поглед на градот од 360 степени од „W Lounge“ и „W Deck“ на врвот.
Цена за ноќевање во најдобриот хотел во Шкотска? Од околу 300 евра па нагоре.